Скопје доби нови 200 пластични контејнери

 

Скопје доби нови 200 пластични контејнери, секој со зафатнина од 1,1 метар квадратен. 150 контејнери се со зелена боја и зелен капак и се наменети за собирање комунален отпад. 50 контејнери се со зелена боја и жолт капак и се за ПЕТ-амбалажа. Вредноста на оваа набавка изнесува 2.490.750 денари, а средствата ги издвои ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска изјави дека новите контејнери ќе придонесат за подобар изглед и за поголема хигиена и оти помалку ќе се оштетуваат и за таа цел апелираше граѓаните да внимаваат при оставањето на сметот во контејнерите во металните, а осебно и во новите пластични контејнери.

- Нови контејнери се поставени кај маркетот „Кaрфур“ во ТЦ Сити Мол и кај Американската амбасада, на нивно барање. Првично пластични контерјнери ќе се поставуваат кај државните институции, на главните улици и секаде каде има простор, рече Дочи, директорот на ЈП Комунална хигиена.

17.09.2013 - 13:47
Фото: 
засе.мк

најчитано сега