Доделени 2.000 билети за манифестацијата „Појадок на мост 2013“

 

Оваа недела ќе се одржи традиционалната манифестација „Појадок на мост 2013“, за која веќе се доделени околу 2.000 бесплатни билети.

Преостанатите 500 бесплатни билети, граѓаните можат да ги подигнат лично, со документ за идентификација, на пултот поставен пред градската кафеана „Пелистер“, најдоцна до четврток, 19 септември. Пунктот на плоштадот „Македонија“ е поставен од 10 до 15 часот.

Четвртиот „Појадок на мост“ ќе започне во 9 часот, а ќе заврши во 11 часот. Секој посетител кој има обезбедено билет ќе добие бесплатен ланч пакет и пијалок.

 

17.09.2013 - 12:26
Фото: 
Телма

најчитано сега