Скандал на Мундијалот 2018 - ова се девојките кои влетаа на теренот
Голем скандал на финалниот натпреват на Мундијалот во Русија.
Многумина коментирале дека Мундијалот во Русија бил организиран беспрекорно, без ниту една дамка.
Меѓутоа дамката на совршената организација беа девојките кои истрчаа на теренот за време на второто полувреме на финалниот натпревар помеѓу Франција и Хрватска.
Обезбедувањето молњевито реагираше и тие во рок од неколку минути се тргнати од стадионот, но многумина се прашуваа кои се всушност дамите облечени во смокинг?
Станува збор за „Pussy Riot", рускиот феминистичкичко анархистички колектив од Москва. Тие во Русија се познати по провокативните политички мотивирани перформанси на јавни места низ Москва. Ангажманот на групата е строго политички. Работат на ЛГБТ правата, отпор на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, кој го сметаат за диктатор, и врската меѓу Путин и лидерот на руската православна црква.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа