ВМРО-НП: Ја поздравуваме одлуката на НАТО

ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на 29-те членки на НАТО присутни на самитот, за отпочнување на преговори со Република Македонија за приклучување кон алијансата. Самата одлука за отпочнување на преговорите, велат од партијата, е јасен знак дека местото на Република Македонија е во НАТО.

„Република Македонија  со својата повеќегодишна посветеност во однос на Атлантските интеграции заслужува да е дел од Евроатлантскиот сојуз. ВМРО-Народна партија предупредува дека изјавата на генералниот секретар Јенс Столтенберг треба да се сфати сериозно. Од денес па натаму се зависи од Република Македонија и затоа е потребно да се посвети големо внимание и сериозност кон целиот процес врз која се темели поканата за членство во алијансата“, пишува во соопштението на ВМРО-НП.

Од паријата потсетуваат дека тие години наназад во своето делување се залагаат и отворено говореле за отстранување на сите пречки кои го блокираа патот на Република Македонија за вклучување во алијансата.

 

 

 

12.07.2018 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега