СДСМ: Македонија се радува - иднината е загарантирана

Македонија се радува, македонската иднина е загарантирана, градиме држава по европски правилa- стои во писменото соопштение испратено од СДСМ

Македонската иднина е загарантирана, македонскиот идентитет обезбеден. Она кое што со децении се  чекаше, конечно станува реалност за македонските граѓани, стануваме  дел од европското семејство и НАТО алијансата, онаму  каде што припаѓаме.

Македонија оди напред!

Обезбедена сигурност и стабилност, повеќе инвестиции, зајакната меѓународна доверба во македонската економија, нови работни места и повеќе пари во секое семејство, се дел  од придобивките на  членството во НАТО.

И додека позитивните вести за земјава секаде во светот беа поздравени и подржани, а  историскиот успех беше пренесуван во светските медиуми, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се одважија да го поздрават успехот на Македонија.

Конечно, ВМРО ДПМНЕ треба да се изјасни  дали воопшто и е грижа за иднината на македонските граѓани и за иднината на државата.

Дали ВМРО ДПМНЕ воопшто  подржува напредок на земјава и подобар живот за македонските граѓани?

Доста беа две и пол децении чекање, стагнација и неизвесност. Конечно земјава направи чекор напред кој ќе биде запишан во нејзината  историја.

Чекориме кон ЕУ и со тоа заедно градиме држава по европски правила.

ДА за македонската иднина!“ – велат од СДСМ во писмено соопштение.

 

 

 

 

12.07.2018 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега