Матвиенко: Односите меѓу Русија и Грција се на сосема ново ниво

 

- Во моментов се создадени сите неопходни услови за премин на односите меѓу Русија и Грција на сосема ново ниво, изјави денеска во Атина претседателот на Горниот дом на рускиот Парламент, Валентина Матвиенко. 

По средбата со грчкиот вице-премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, Матвиенко посочи и за тоа дека билатералните односи кои ќе се базираат на стратешко партнерство се од интерес како на Русија, така и на Грција и претставуваат важен фактор за стабилноста на Балканот и на Медитеранскиот регион, јави  ИТАР-ТАСС.

- Позициите на Русија и на Грција се блиски или се совпаѓаат во врска со голем број прашања, изјави претседателката на рускиот Совет на Федерацијата, изрзувајќи притоа задовоство од дијалогот меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.

- Почнувајќи од 1 јануари 2014 година, Грција ќе го превземе претседавањето со ЕУ и во тој период се очекува и подобрување на развојот на соработката меѓу Русија и Унијата, што би  придонела Атина, додаде Мативенко.

- Односите меѓу Атина и Москва имаат карактер на стратешко партнерство, нагласи Венизелос.

16.09.2013 - 15:09

најчитано сега