Турската полиција со солзавец и водени топови против гневните демонстранти
Денеска пред зградата на Министерството за административни реформи во Атина протестираа училишните чувари, но при нивниот обид за влез во министерството полицијата употреби солзавец, при што демонстрантите беа растерани. Протестот на чуварите, почна веднаш откако наставниците почнаа штрајк против отпуштања во државниот сектор и присилни измени на работни места со кои се опфатени и чуварите.
– Околу 70 школски чувари се обидоа да упаднат во зградата на Министесртвото, но полицијата ги спречи во намерата, изјавија од полицијата.
Денеска со штрајк почнаа од синдикатот на наставници во средните училишта, истакнувајќи дека отпуштањата или префрлањата на други работни места се повеќе ќе ги загрози домаќинствата кои се погодени од мерките за штедење.
Во основните училишта наставниците три часа ја бојкотираа наставата во знак на протест.