Коментатор почина по натпреварот Египет – Саудиска Арабија

 

 

Поранешниот фудбалер и тренер од Египет, Абдел Рахим Мохамед ,почина од срцев удар откако во последните секунди репрезентацијата на неговата земја прими гол од Саудиска Арабија (1-2).

Мохамед кој воедно е коментатор,  бил гостин во телевизијата „Масперо“, каде го гледал дуелот со Саудиска Арабија и давал свој коментар околу настапот на Египет на Мундијалот.

Во 95.минута од мечот, кога Египќаните примија гол, на Мохамед му се слошило и веднаш бил повикан доктор во студиото. Тој бил пренесен во најблиската клиника, каде докторите не успеале да му го спасат животот.

 

 

 

 

26.06.2018 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега