ВИДЕО: Жената со најдолго презиме успеа да ги промени личните карти во Хаваи

 

Поради предолгото име од 35 букви, една Американка ги убеди властите на Хаваи да го променат форматот на личните карти и останатите документи кои ги издаваат. Џенис Кеиханаикукауакахихулихеекахаунаеле, која го носи презимето на покојниот сопруг вели дека го обожува своето презиме и никогаш не посакала да го скрати или да го врати своето моминско презиме, Ворт.

- Ја сакам полинезиската култура која ја прифатив кога се омажив во Хаваи. Го обожувам своето хавајско презиме, вели Џенис.

Нејзиното презиме долго време на личните документи беше скратено за една буква, или, поради недостиг на простор, нејзиното име беше изоставено.

Откако медиумите го објавија нејзиниот проблем, властите одлучија да воведат документи на кои максимумот букви за име и презиме ќе се зголеми на 40.

15.09.2013 - 12:16

најчитано сега