Тачи и Харадинај на тајна средба во „Тифани“

 

Премиерот на Косово Хашим Тачи и претседателот на Алијансата за иднина на Косово (АБК) Рамуш Харадинај, се сретнале „тајно“ во ресторанот „Тифани“ во Приштина. Според информациите на Танјуг, тие разговарале за дијалогот во Брисел и за изборните реформи.

Тачи и Харадинај се сретнале во„Тифани“ заедно со најблиските соработници - заменик премиерот Хајредин Кучи и заменик претседателот на АБК и политички координатор на дијалогот во Брисел Блерим Шаља, пренесе „зери.инфо“.

- Разговаравме за дијалогот во Брисел, и имплементацијата на постигнатите договори, за процесот на транзиција на ЕУЛЕКС, за процесот на изборните реформи, како и за потребата на завршување на процесот на либерализација на визите, реколТачи, додавајќи дека со Харадинај разговарал за „теми од национален интерес“.

Во косовската јавност и во приштинските медиуми се повеќе се зборува дека меѓу Тачи и Харадинај постои премолчен договор за идна заедничка соработка по парламентарните избори, на која за претседател на Косово АБК би го поддржала Тачи, а на местото премиер би дошол Рамуш Харадинај. 

15.09.2013 - 10:43

најчитано сега