Три страшни “несреќи“ во центарот на Скопје
Црвениот крст на Град Скопје и Амбасадата на Франција денеска, со стимулациска вежба на урбана несреќа ќе го одбележат Светскиот ден на Прва помош.
Центарот на Скопје ќе биде преплавен со “несреќи“. На пунктот кај Порта Македонија ќе се сумулира сообраќајна несреќа со шест повредени, а на вториот пункт кај кафе Тренд пожар со ист број повредени. На третиот пункт кој ќе биде кај Камениот мост ќе има тројца повредени и ќе се симулира укажување помош на давеник и спасување од вода.
14.09.2013 - 10:18