Центар ги повика граѓаните да проверат како се спроведуваат јавните набавки на општинскиот сајт но таму линкот не работи
Се разжештуваат преписките меѓу власта и опозицијата во општина Центар. Откако од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија за нетранспарентност во јавните набавки, од општината преку писмена реакција ги повикаа советниците на најголемата македонска партија како и граѓаните, текот најавните набавки да го проверат на нивниот веб сајт.
„Јавните набавки на Општина Центар со доаѓањето на новото раководство се спроведуваат законски и транспарентно и ги покануваме советниците на ВМРО – ДПМНЕ, како и сите граѓани на сајтот на општината да следат како ќе се одвива оваа набавка“ - стои во реакцијата на општина Центар.
Press24 се обиде да ги провери постапките за јавни набавки во општината на сајтот на Општина Центар, но таму, линкот за јавни набавки води до страница на Електронскиот систем за јавни набавки која не постои
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека Жерновски глуми екологист и го користи паркот пред хотелот Бристол за да го одвлече вниманието на јавноста додека во општината на како што велат, сомнителен начин се буткат тендери и набавки по итна постапка.