Позната причината за заминувањето на Зидан од Реал Мадрид

 

Заминувањето на Зинедин Зидан од Реал Мадрид се уште е главна фудбалска тема, а во медиумите се појавија гласини за причината поради која фрaнцускиот фудбалски стручњак си поднесе оставка само неколку дена по освојувањето на третата во низа титула првак на Европа.

Според шпанскиот весник „Ас“, Зидан, кој имаше договор со Реал до летото 2020 година, бил загрижен околу останувањето на Кристијано Роналдо и Герет Бејл. А, исто така, не се согласувал со претседателот на клубот, Флорентино Перез, околу трансфер политиката.

Раководството на Реал веќе подолго време се обидува да потпише договор со голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага, иако Зидан јавно го поддржа Кејлор Навас. Од друга страна Перез имал намера да ги ангажира Роберт Левандовски и Нејмар, а сега веќе поранешниот тренер сметал дека овие играчи не му се потребни на неговиот тим.

Весникот наведува и дека Зидан не чувствувал поддршка од страна на раководството на клубот во тешките моменти за тимот, особено кога минатата сезона во медиумите се појавија гласини за доаѓањето на Јоаким Лев или Маурицио Почетино на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал ја заврши сезоната со победа во финалето на Лигата на шампионите, а Зидан од клубот заминува со девет освоени трофеи за помалку од две ипол години поминати на клупата на мадридскиот клуб.

 

 

 

01.06.2018 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега