Зидан си заминува од Реал, а за неговата одлука знаел само овој фудбалер
Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид, објави денеска францускиот фудбалски стручњак.
На прес-конференцијата, Зидан на ги извести новинарите дека оваа одлука е негова и е донесена самостојн.
Под негово водство Реал изминатите три години ја освои Лигата на шампионите, двапати го подигна трофејот на Светското клупско првенство и Суепр купот на УЕФА, а има и една шампионска титула во Шпанија.
-Од тимот за мојата одлука знаеше само капитенот Серхио Рамос. Тој се однесуваше со почит и беше вистински капитен.
Французинот кажа дека нема намера во блиска иднина да тренира друг клуб.
– Нема да тренирам друг клуб. во многу скоро време. Си одам со цел во Реал да дојдат нови лица и да донесат свежина, бидејќи тимот почна да заостанува во развојот. Ќе беше тешко да го водам со успех тимот и следната сезона. Сакав да се разделам победнички, објасни Зидан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа