Беличанец - Алексиќ им се заблагодари на реализаторите на обновата на пешачките премини

 

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ го посети Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и им додели благодарници на реализаторите на проектот „100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици“.

Благодарници за успешната реализација на овој проект добија Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Министерството за внатрешни работи и компаниите Евроинс Осигурување, Адинг и Кединг од Скопје.

Проектот за обновување на 100 пешачки премини пред училиштата и градинките во општина Кисела Вода, кој заврши неодамна, се реализираше со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а особено пешаците, велосипедистите и мотоциклистите. 

13.09.2013 - 12:44
Фото: 
Канал 5

најчитано сега