Уште еден шок после финалето на ЛШ - Салах не оди на Светско првенство?
Еден од најдобрите фудбалери во светот Мохамед Салах можеби ќе го пропушти Светското првенство, бидејќи се повредил.
Мохамед Салах доживеал нешто што не го посакува ниту еден фудбалер на планетата - повреда на почеткот на финалето на Лигата на шампиони, која би можела да го чии и учество во Светското првенство.
Тој мораше да го напушти натпреварот со Реал Мадрид во 30-та минута по повлекувањето на Серхио Рамос, а првичните проценки на Јигрен Клоп не се нималку оптимистични.
„Салах е во болница на рендген. Мислам дека станува збор за клучна коска или рамо. Не изгледа добро, тоа е тоа. Тоа е лошо за Салах, нас и Египет. Станува збор за дел од спортот кој не ми се допаѓа. Вакви работи се случуваат. Не знам што ќе беше доколку останеше во игра, но сите видоа дека само половина час игравме добар фудбал“, рекол Клоп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа