Кариус: Го предадов тимот
Голманот на Ливерпул, Лорис Кариус презеде вина за поразот на неговиот клуб во финалето, откако прими два смешни гола за победа на Реал Мадрид со 3:1.
- Во моментов не чувствувам ништо. Го загубив натпреварот и жалам. Им се извинувам на моите соиграчи и сите поврзани со клубот. Ако можев да го вратам времето назад, ќе го направев тоа. Жал ми е, бидејќи денес ги предадов колегите, рече тој по мечот.
Германецот додаде дека неговите грешки во финалето го чинеле прескапо целиот тим.
- Тешко е да се зборува, но тоа е животот на голманот. Должен сум да кренам повторно глава. Во моментов, сепак само жалам за она што се случи, бидејќи овие голови се по цената на трофеј, додаде Кариус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа