Станот си го користел како магацин за дрога а девојката како чувар - големи количини на марихуана завршија во рацете на МВР
Полицијата вчера открила поголемо количество марихуана во стан на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, кој го користел 22 годишниот тетовчанец М.Е., информира портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифовски.
- При претресот, реализиран со соодветна судска наредба, пронајдено е едно најлонско ќесе со 21 зипер-кесичка со непозната тревкаста материја, најверојатно марихуана, потоа уште едно ќесе со ваква материја и ќесе со празни зипер-кесички. Во близина на станот во кој е извршен претресот била затекната и 17-годишна тетовка која тука престојувала со М.Е.,изјави Јосифовски.
Двајцата се приведени во СВР Тетово, а се што е пронајдено е одземено за вештачење. Според Јосифовски, по расчистувањето на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.