Европскиот Парламент усвои механизам за враќање на визите
Парламентот на Европа денеска го усвои извештајот на шпанскиот европратеник од редовите на Европската народна партија Диаз де Мера со што се уклучи зеленото светло за суспензија на безвизниот режим во одредени случаи.
Од вкупно 328 европратеници кои гласаа за извештајор 328 беа за, 257 против, а 48 воздржани. Суспензивниот механизам според приврзаниците на извештајот не е изработен само за земјите од Западен Балкан, туку за сите кои имаат безвизен режим со шенген зоната. Укинувањето на визите во 2009 и 2010 година придонесе на преплав со баратели на азил кои воглавно беа од Србија и Македонија.
Доколку ваквиот документ биде усвоен ЕК ќе може да ја активира клаузулата за суспензија на безвизниот режим.
12.09.2013 - 13:47