Рама по изборите во Албанија ќе отпатува за Косово

 

Новиот албански премиер Еди Рама реши Косово да биде првата земја што ќе ја посети во својство на претседател на Владата на Албанија.

Тој уште утре заедно со високата владина делегација, ќе отпатува во Косово. Предвидено е тој да има средби со косовскиот државен врв, а ќе одржи и поздравно обраќање во Парламентот на Косово.

Покрај Тоа најавена есредба и со албанската министерка за иновации и јавна администрација Милена Харито со косовскиот министер за јавна администрација, Махир Јаглицар.

 Посетата на Косово, Рама ја најави уште минатата недела на средбата во Тирана со неговиот косовски колега Хашим Тачи. Тогаш, беше најавено и дека двете влади ќе одржат заедничка седница во Призрен, посветена на, како што рече Рама. унапредувањето на соработката за реализација на заедничката цел - обединување под небото на ЕУ. 

12.09.2013 - 13:49

најчитано сега