Утврден терминот кога ќе се судрат Вардар и Монпелје
Монпелје е тимот кој на Ф4 ќе стои на патот кон финалето против Вардар, но со оглед на тоа дека многумина го потценија тимот на Монпелје, тие го докажаа спротивното, се пласираа на завршниот турнир и сигурно ќе му пркосат и на Вардар.
Вардар како актуелен европски шампион, важи како фаворит во дуелот со француската екипа, па секако дека нацијата ќе пулцира во ритамот на „црвено-црните“ на Ф4.
Останатото полуфинале, ПСЖ против Нант ќе се игра на 26 мај, додека истиот ден се игра и натпреварот помеѓу Вардар и Монпелје, од 18 часот.
26/27 May 2018
15:15 CET @HBCNantes vs @psghand
18:00 CET @HCVardar vs @mhbofficiel https://t.co/wVwL0CA88V— EHF Champions League (@ehfcl) May 2, 2018
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа