Директор на училиште си продавал клупи и си се богател - скандал во Делчево
54 годишниот М.С., поранешен директор во основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Делчево, си заработи кривична пријава бидејќи си се богател продавајќи го инвентарот на училиштето.
Според информациите од МВР, во периодот од 2009 до 2012 година, делчевецот без согласност на надлежната комисија на училиштето извршил продажба на стар инвентар (фрижидер, електричен алат, столчиња, маси) од училиштетото, а а парите од продажбата ги присвојувал за себе. Потоа, без одлука на Комисијата за јавни набавки набавил нов инвентар и вршел поправка на грејни тела. Без одобрение од Министерството за образование ја вработил и неговата сопруга во училиштето.
М.С. успеал да го оштети буџетот на училишетото за износ од 1.548.030 денари.
11.09.2013 - 11:54