Одлична забава во Брисел по повод Денот на самостојноста на Македонија

 

Голем број високи претставници на Европската унија и амбасадори од земјите-членки на Унијата присуствувале на приемот што амбасадорот Андреј Лепавцов синоќа го организираше по повод Денот на самостојноста на Република Македонија во македонската Мисија при ЕУ.

Според МИА, околу стотина угледни гости се појавиле на прославата во нашата Мисија при ЕУ, меѓу кои најзабележителни и во најдобро расположение биле бугарскиот амбасадор при Унијата, Димитар Цанчев и неговите колеги од Словенија (Генорио Радо), Италија (Стефано Санино), Турција (Селим Јенел), Хрватска (Шкрабало) и Косово (Илир Дуголи).

Во традиционалната македонска кујна и убавото вино од македонските лозја, покрај амбасадорите и угледни македонски државјани што живеат и работат во европската престолнина, уживале и в.д. директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија, Јост Корте, како и првиот човек во овој сектор задолжен за Македонија, Дејвид Кулен. А, она што е интересно е и дека голем број на новинари-дописници на медиумски куќи од речиси цела Европа исто така биле дел од овој настан.

11.09.2013 - 10:31
Фото: 
hitportal

најчитано сега