Српските власти и обезбедија нов дом на Јованка Броз

 

Српските власти обезбедиле ново сместување за водовицата на Јосип Броз Тито,  Јованка Броз која подолг период се наоѓа во белградскиот Ургентен центар откако и се влоши здравствената состојба.

Јованка Броз се чувствува подобро и наскоро би требало да одбере една куќа во државна сопственост каде ќе биде сместена откако ќе излезе од болница, и ќе и биде обезбедена и потребната нега.

Потпретседателот на Владата на Србија, Расим Лјајиќ за Данас изјавил дека вилата на Дедиња, во која досега живееше Јованка, е целосно руинирана.

- „Јованка Броз ќе се всели во една до четири понудени куќи, која сама ќе ја одбере. Сите се приземни, бидејќи таа не може да се движи по скали. Во таа куќа ќе престојува додека вилата на Дедиње не биде обновена“, изјавил Лјајиќ за Данас.

 

11.09.2013 - 10:22
Фото: 
Сител

најчитано сега