Џафери денеска тет-а-тет со Аврамопулос

 

Министерот за одбрана Талат Џафери денеска во грчкиот град Лариса ќе се сретне со грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос.

Двајцата министри во Лариса ќе присуствуваат на свечената церемонија по повод примопредавањето на должноста командант на мултинационалната бригада на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ.

Досегашниот командант на СЕЕБРИГ, бригадниот генерал Здравко Поповски, кој командуваше во изминатите две години, функцијата му ја предава на својот турски колега, бригадниот генерал Хакан Есер.

11.09.2013 - 09:10

најчитано сега