Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за еднакви можности на жените и мажите и за култура.

Комисијата за европски прашања ќе ја продолжи надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од Инструментот за претпристапна помош - ИПА во Република Македонија“.

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе расправа за соработката меѓу комисиите за еднакви можности на жените и мажите на национално и на локално ниво.

Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2013 година е на дневен ред на Комисијата за култура. 

11.09.2013 - 08:45

најчитано сега