Погледнете што ве чека на патиштата низ Македонија

Нема поголеми проблеми на коловозите низ Македонија. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

Од 11.09.2013 година започнуваат градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикалана сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот и се очекува да завршат до средина на следната недела.

Известување за движење на патниот правец Скопје-Македонски Брод преку н.п. Јасен, од 01.04.2013: Скопје-Македонски Брод од 06:30-09:00 и 16:00-18:00 часот / Македонски Брод-Скопје од 05:00-06:00 и 18:30-20:00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

11.09.2013 - 08:29

најчитано сега