Собранискиот спикер Вељановски на средба со полскиот претседател Коморовски

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска се сретна со полскиот претседател Бронислав Коморовски.

- Претседателот на македонското Собрание на средбата искажа задоволство и благодарност за постојаната поддршка која Република Македонија ја добива од Република Полска.  Во однос на евроинтегративниот процес на Република Македонија, Вељаноски  истакна дека бурните времиња на Балканот се зад нас и граѓаните од регионот гледаат напред во европската иднина и перспектива на сите држави од Балканот. Во текот на разговорите, Вељаноски, исто така, потенцираше дека интеграцијата на целиот регион ќе биде значаен фактор за стабилизација на Европа, нагласувајќи дека Република Македонија ги спроведува сите неопходни реформи, и преку законодавниот дом и во целина, се вели во денешното соопштение.

- Политичарите и граѓаните на Полска знаат колку е комплициран интегративниот процес како и реформите во таа насока, и оттука Коморовски му честита на претседателот на Собранието Вељаноски за досега спроведените реформи во насока на евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека улогата на парламентот е клучна во секоја демократска држава и во процесот на интегрирање на државата, се додава во соопштението.

На средбата станало збор и за соработката во сферата на земјоделството, каде Република Полска е подготвена да ги сподели своите искуства, особено затоа што по нејзиниот влез во ЕУ, најголемите придобивки се чувствуваат токму во селските средини, а нејзините производи се широко застапени на европските пазари.

 

10.09.2013 - 15:49

најчитано сега