Единаесет лица добија сертификати за готвач во угостителски објект

Денеска 11 лица добија сертификат за готвач во угостителски објект по завршената обука која е дел од програмите на Стопанската комора на Македонија.

Верифицирани се уште четири програми на Стопанската комора на Македонија за аргон заварувач, гибсер монтер, фасадер и келнер гастроном.

Стопанската комора на Македонија истакнува дека станува збор за обуки на кадри кои се дефицитарни, а се барани на пазарот на трудот и најавуваат дека во следниот период ќе верификуваат и други програми.  - Уписите се во тек, а сертификатите кои се добиваат се признати од државата, односно од Министерството за образование и наука, изјави Борис Тримчев од Стопанската комора на Македонија.

Директорката на Центарот за образование на возрасни Линдита Ќазими информира дека од јанаури 2012 година досега верифицирани се 39 програми за неформално образование за возрасни. Во нив се вбројуваат и петте програми на Стопанската комора на Македонија. 

10.09.2013 - 14:45

најчитано сега