Тодоров: Владата продолжува да инвестира во здравството

 

На дело се гледа посветеноста на Владата на РМ и нејзината фокусираност на здравството, имајќи предвид дека многу одамна Детската клиника немала толкава инвестиција.

Ова денеска го потенцираше министерот Никола Тодоров, откако заедно со премиерот Никола Груевски го одбележа завршувањето со градежните работи во скопската Детска клиника.

Во последниве година и пол, во Детската клиника биле инвестирани вкупно 2 милиони евра. Со овие пари, секоја соба во клиниката доби тоалет, нови прозорци, 220 болнички кревети, нови лифтови и нова опрема/

Како што рече министерот Тодоров, освен што се подигна стандардот на Детската клиника, зголемен е и бројот на пациенти кои ги опслужува Клиниката.

Во тек се и други градежни работи на Детската клиника.Ургентниот центар, пак, ќе добие нови влезни врати, со што ќе се комплетно ќе се заокружи реконструкцијата на целата инфраструктура.

 

10.09.2013 - 13:51

најчитано сега