Македонците понесреќни од Србите и Албанците но посреќни од Бугарите

Според индексот на најсреќни земји во светот, изработен од еден американски Институт, Македонците се понесреќни од Албанците но, посреќни од Бугарите. 

На листата од вкупно 156 држави, Македонија се најде на 118. место. Единствена балканска земја која се најде зад нас е Бугарија, на 144. место. Првите места на листата ги зафатија Данска, Норвешка, Швајцарија, Холандија и Шведска, односно жителите на овие земји се најсреќни.

Ова истражување било направено во периодот од 2010 година до 2012 година, а критеритуми биле бруто-домашен производ по глава на жител, долговечност во добро здравје, можност за социјална комуникација, субјективен степен на слобода при носењето лични одлуки, заштитеност од корупција и благосостојба.

Меѓу првите десет среќни држави се најдоа Канада, Финска, Австрија, Исланд и Австралија. Израел е на 11 место, САД  на 17-то,  Нов Зеланд на 13-то и Русија е на 68. место.

Од балканските земји, Албанија се најде на 62, Косово на 83,  Србија е на 106-то и  Босна и Херцеговина е на 107. место.

Того е најнесреќна држава во светот. Пред неа се најдоа некои други африкански земји - Гвинеја, Танзанија, Руанда, Бурунди, Бенин.

10.09.2013 - 09:40

најчитано сега