Надал го подигна трофејот на УС Опен
Рафаел Надал со триумфот над Новак Ѓоковиќ од 3:1 во сетови (6:2, 3:6, 6:4, 6:1) успеа по втор пат да се закити со трофејот од Отвореното тениско првенство на САД и да дојде до 13 Грен слем титула во кариерата. За Шпанецот ова беше третовфинале во Њујокр, откако претходно победи во 2010 година. За Ѓоковиќ остана само со еден триумф во 2011 година на терените на „Флешинг Медоу“, а по петтипат беше финалист.
Во првиот сет Надал беше подобар со 6:2, а потоа Ѓоковиќ изедначи на 1:1 добивајќи го сетот со 6:3. Во третиот сет до 4:4 беше нерешено, а потоа Надал ги доби двата гема во серија за водство од 2:1 во сетови. Шпанецот беше убедлив во четвртиот сет во кој поведе со 3:0, а сетот го доби со 6:1.
Во меѓусебните дуели сега билансот е 22:15 за Надал