Сашо Лазаровски е новиот претседател на Советот на општина Карпош
Сашо Лазаровски е избран за претседател на Советот на општина Карпош на втората општинска седница.
Поддршката ја доби со 14 гласа „за“ од советниците од советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и СНСМ.
Лазаровски, како што соопшти општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, го напушти местото заменик министер за локална самоуправа со цел да придонесе колку што може повеќе за жителите од својата општина.
Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош освои најголем број гласови на локалните избори.
- Лазаровски се заблагодари на поддршката и го изрази свето убедување дека ќе има успешна соработка со сите советници, без разлика од која политичка партија и припаѓаат, се вели во партиското соопштение.
ФОТО: вмродомне.орг.мк