Видео: Стара чешка традиција за фарбање јајца

 

Станува збор за нивниот традиционален начин за декорирање велигденски јајца. Дека е евтин, бидете сигурни, но не се надевајте дека е премногу едноставен. Сепак, ништо не е премногу сложено ако сакате сосетката од втори да поцрвени од завист!

Сѐ што ви треба, покрај фарбаните јајца, е златна лента за украсување подароци, една игла за шиење и малку лепак.

Замислете како би сакале да изгледаат вашите уметнички креации или побарајте инспирација на интернет, па додека чекате фарбаните јајца да се исушат, од лентата сецкајте ситни декоративни елементи.

Потоа, со иглата земете малку лепак, нанесете го на парченцата и ситните украси лепете ги на исушените и изладени јајца.

Деталните упатства и идеите за целата постапка можете да ги погледнете во видеото:

 

 

 

04.04.2018 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега