Автомобил се преврте на автопатот Белград-Ниш - едно лице го загуби животот

 

Едно лице загина, а шест други се повредени денеска кога комби со бугарски регистарски табличи се превртел и излетал од автопатот Белград-Ниш, меѓу местата Колар и Михајловац.

Како што јави БТА, при несреќата на самото место загинала една жена, додека тројца од повредените, кои се здобиле со потешки повреди, меѓу кои е и едно дете, се пренесени во болница во Белгррад. Другите тројца полесно повредени се згрижени во болница во Смедерево.

Истражниот судија Марко Јоциќ изјави дека до несреќата дошло кога комбито, кое се движело со голема брзина, удрило во заштитната ограда, по што се превртело и излетало од автопатот.

Се претпоставува дека со комбито патувале бугарски државјани кои се враќале од одмор во Германија. 

08.09.2013 - 14:06
Фото: 
Денешен

најчитано сега