"Да живее Македонија и да ни е вековит празникот" - ВМРО-ДПМНЕ со честитка за 8 септември

ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија им го честита државниот празник. Тоа е денот кога Македонија ја круниса својата вековита борба за самостојност.

          8 Септември е третиот Илинден за Македонија, кога сонот на илјадници херои кои се саможртвуваа за својата татковина, стана реалност. Нивната храброст и решеност беа водилка на сите генерации и аманет кој како пламен гори во секој од нас.

          Нека овој ден не обединува и потсетува од потребата заедно сите да се вложиме во процесот на изградбата и напредокот на нашата татковина. Македонија  е градена со рацете на нашите предци и со почитта кон разликите кои не сплотуваат.

          Сите ние без разлика на политичката, етничката и верската припадност имаме обврска да ја продолжиме вековната борба, но овојпат како борба за создавање нови дела и поголем просперитет на Република Македонија.

          Да живее Македонија.

          Да ни е вековит празникот.

 

          Да ни е вековита татковината.

Интегрално.

08.09.2013 - 12:29

најчитано сега