Собранискиот спикер Вељановски со честитка за 8 септември

Претседателот на Собранието на Македонија, Трајко Вељаноски, денеска упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември - Денот на независноста.

- 8 Септември 1991 година е датум кој беше дочекан со нетрпение од граѓаните на Република Македонија, бидејќи сонот стана реалност, а жртвата за независна и сопствена држава не остана залудна. Жртвата стана симбол кој никој Македонец нема да ја заборави, а жртви имаше многу, од илинденците, борците во Народноослободителната војна, па до жртвите од комунистичкот режим. Сите овие луѓе само сакаа да живеат во своја татковина. Никогаш да не ги заборавиме жртвите кои паднаа за независна Македонија, вели собранискиот спикер во честитката.

- Ние сме Македонци, по род, јазик и култура, а нашата држава е Република Македонија. Така и ќе продолжиме да се нарекуваме бидејќи сега сме независни, сега сме слободни, а за слободата се изборивме со многу волја и пожртвуваност. Денес гордо и заслужено го славиме овој датум, 8 Септември, 22 години слободна и независна Република Македонија. Да ја чуваме независноста на нашата татковина. Тоа им го должиме на нашите предци, го должиме на нас самите и на нашите поколенија, истакнува Вељаноски во честитката. 

08.09.2013 - 10:57

најчитано сега