„Комити“ со порака до пратениците - судијата го прекина мечот за национализам
Натпреварот меѓу Вардар и Ренова ќе трае малку подолго од предвиденото.
Имено судиите на натпреварот пред финишот на првиот дел го прекинаа мечот, поради национализам на навивачката група „Комити“.
Официјалниот спикер двапати предупреди да се навива фер и коректно, а откако скандирањата продолжија, судијата Дејан Јакимовски означи прекин.
По консултација со капитените, по неколку минути натпреварот продолжи, а беше испратено предупредување дека секое наредно скандирање ќе биде санкционирано со празнење на трибината.
17.03.2018 - 15:04
Фото:
Гол.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа