Подобрена здравствената состојба на тинејџерот од Кратово кој беше прободен со нож

Тинејџерот од Кратово кој вчера на Камениот мост во Скопје беше прободен со нож во пределот на градниот кош, е во добра здравствена состојба, изјави за МИА доктор Борче Кондов од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

- Момчето е во свесна состојба. Обработена е раната. Сега засега други интеревенции не се потребни, додаде доктор Кондов.

Инаку, 18-годишниот Ј.Ј. и неговиот 17-годишен другар Д.Ј. кои синоќа дошле од Кратово во Скопје за да го проследат натпреварот Македонија-Велс биле пресретнати на Камениот мост од страна на 17-годишните малолетници, Е.Ш. и Ј.А. од Скопје кои започнале да ги задеваат, па задевањето прераснало во физичка пресметка во која едниот малолетник извадил нож и го повредил едниот кратовчанев.

07.09.2013 - 15:38

најчитано сега