По смртта на Астори, одлуката што ја донесе Фиорентина е за секоја пофалба
Фудбалскиот тим Фиорентина донесе одлука редовно да ја исплаќа платата на починатиот фудбалер Давиде Астори на неговата сопруга и детето до крајот на нивниот живот.
Астори почина во неделата во хотелот во Удине, каде што попладнете требаше да го предводи тимот на Фиорентина на гостувањето кај Удинезе во италијанската Серија А.
Смртта на 31-годишниот фудбалер го потресе фудбалскиот свет, а италијанската фудбалска федерација во неделата ги одложи сите натпревари.
06.03.2018 - 16:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа