Се заљубил во девојката која ја спасил - Унгарец ја бара Македонката која се давела во Олимпик Бич

 

Јанош Ердеи е момче од Унгарија кое сака да ја најде Македонката на која и го спасил животот во Олимпик Бич, Грција. 

„Го поминав летниот одмор со моето семејство во Грција, во Олимпик Бич, во втората половина на август 2013 година. Додека престојував таму и го спасив животот на една девојка од Македонија од давење во вода. Настанот се случи на 23 август. За жал, во целата ситуација сите бевме збунети и исплашени и немавме можност подобро да се запознаеме и да размениме контакт. Не успеавме ни да се сликаме. Девојката ми остави голем впечаток и навистина сакам да ја запознаам подобро, и да дознаам што се случи со неа од тогаш. Ве молам ако може да ми помогнете, да добијам информации за да можам да контактирам со неа. Ако не можете да ми помогнете, Ве молам ова писмо да го испратите на друга локација.

Ви благодарам однапред Јанош Ердеи од Унгарија.“

Ова стои во писмото кое Јанош го испратил на електронската пошта на Радио Фортуна. Можете ли да му помогнете на Јанош да ја пронајде својата симпатија?

Девојката која ќе се препознае во неговото писмо, може да го исконтактира заљубениот Унгарец на следниот меил:[email protected]

06.09.2013 - 11:01

најчитано сега