Стартува реконструкцијата на Ургентниот центар во Скопје

Сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова денеска ќе го посети Ургентниот центар на Универзитетската Клиника за детски болести во Скопје.

Во рамки на посетата предвидено да се одбележи почетокот на градежните работи за реконструкција на Ургентниот центар, како и да се информира јавноста за резултатите од спроведената Национална кампања за собирање средства за реконструкција и адаптација на простор на Универзитетската Клиника за детски болести во педијатриски Ургентен центар.

Кампањата беше спроведена под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија Маја Иванова.

06.09.2013 - 09:07
Фото: 
zurnal.mk

најчитано сега