Груевски: Тие што треба се информирани за напредокот околу спорот со името
Денеска претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за барањето на Павле Трајанов, медијаторот Метју Нимиц да им објасни и на останатите партии до каде се разговорите за името, истакна дека тие што треба и за тоа што треба се информирани.
Вицепремиерот Муса Џафери, пак, на прашањето дали постои расположение во Атина за решавање на спорот за името рече дека дипломатски секогаш страните кажуваат оти постои расположение, но тоа е чувствително прашање.
- Посетата беше во правец на комуникација и тоа што се бара од Брисел за добрососедски односи и да се отворат можности за дијалог и комуникација меѓу двете држави, изјави Џафери.
05.09.2013 - 15:40