Бекер откри, Ѓоковиќ е злоставуван, лактот не е негов единствениот проблем

 

Неговиот единствен проблем не е лакотот, повредите се последица на убиствениот распоред на турнирите, вели поранешниот тренер на српскиот тенисер и истакнува дека слична мака имаат и другите играчи.

Ѓоковиќ морал да оди на операција кога сфатил дека друго решение нема. Изгледа закрепнувањето оди по планот, зашто Новак ќевеќ почнал да тренира и најавува учество на Индијан Велс. Сепак, злоставувањето на телото на терените кое траело повеќе од една деценија, како што се изразил Бекер, оставило трага и на останатите витални функции на некогашниот светски тениски првак.

– Tенисер никогаш нема само една повреда. Кога играте грен слем турнир, имате седум мечеви во две недели, а верувајте, тогаш нема што не го боли, а не само лакотот. Ќе застане само кога болката е неподнослива, кога проблемот е навистина сериозер, како што беше кај Ноле. Но, тоа е само дел од приказната.

-Да ве пушти некој во соблекувална првата недела на грен слем, ќе се изненадите колку тенисери имаат бандажирани зглобови и колкумина од нив всушност разговараат со тренерите кој е подготвен и кој може да издржи.

 

 

 

02.03.2018 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега