Го затрупала земја додека копал канализација - несреќа во Пробиштип
Полициската станица во Пробиштип поднесе кривична пријава против 38 годишниот И.Б., и против ДПУПТ „Ивко Пром Иво“ за сторено кривично дело „непреземање мерки за заштита при работа“.
На 20. јуни годинава, додека еден од вработените од фирмата, копал канал за канализација, дошло до одронување на земјата. Просторот не бил обезбеден, па работникот бил делумно затрупан и заработил скршеници по телото.
05.09.2013 - 12:53