Летна крводарителска акција во Кавадарци
Успешна вонредна летна крводарителска акција денеска се спроведе во Кавадарци, при што се собрани 17 крвни единици, информираше денеска секретарот на Општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци, Розе Илова.
- Кавадарци е секогаш на врвот по доброволни крводарувања во државата. Веќе го остваривме годишниот план за крводарување. Тоа значи дека планот ќе биде надминат со голем процент до крајот на годината. Поради летниот период кога се зголемени потребите од крвни единици, од вторник кабинетот за трансфузиологија ќе работи во две смени така што сите оние кои ќе сакаат ќе можат доброволно да даруваат крв во двете смени, изјави Илова.
Денешната акција беше реализирана од Општинската организација на Црвениот крст и Кабинетот за трансфузиологија. Илова упати благодарност до сите доброволни крводарители од Кавадаречко кои секогаш ја покажуваат својата хуманост и даруваат крв.