„Газпром“ заинтересирани да соработуваат со Македонија - еве што си кажаа Груевски и Милер

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со претседателот на руската компанија Газпром, Алексеј Милер.

Како што информираат од македонската Влада, на средбата се разговарало за досегашната и за понатамошната соработка помеѓу двете страни и нејзиното унапредување и развивање.

 

-Соговорниците разговараа за понатамошната реализацијата на проектот Јужен Тек и конкретните чекори за негова операционализација, при што беше истакнато дека по ратификацијата на потпишаниот договор за вклучување на Република Македонија во Јужен Тек, ќе се премине кон формирање на мешовито претпријатие помеѓу двете страни согласно договорот кое ќе ги спроведе понатамошните чекори во реализација на плановите и  проектот. Беше констатирано дека анализите и проекциите покажуваат дека со изградбата на инфраструктурата за природен гас значително ќе се зголеми потрошувачката на природниот гас која е сега на пониско ниво, што ќе доведе до поголема потрошувачка на природниот гас и може да резултира со пониска цена на гасот, информираат од Владата.

 

Во оваа насока. премиерот Груевски го информирал соговорникот дека во скоро време се очекува да се склучи договор со руската компанија Стројтрансгас по што би се започнало со изградба на инфраструктурата за природен гас во внатрешноста на земјата и со што ќе се овозможи пристап до гас на многу компании и домаќинства во Република Македонија.

 

Претседателот на Газпром, Милер истакнал дека компанијата Газпром се заинтересирани за соработка со Република Македонија, и дека нашата земја е влезена во развојните планови на Газпром, при што било истакнато дека Газпром покрај постоечките планови и проекти пројавува интерес во иднина да ја разгледа можноста и за други инвестиции во Република Македонија.

 

 Соговорниците ја истакнле својата посветеност на понатамошно развивање на меѓусебната соработка и заедничките проекти.

 

 

 

04.09.2013 - 15:14
Фото: 
миа

најчитано сега