Протести за оставката на бугарскиот премиер Орешарски

 

Бугарскиот Парламент по 32 дена летна пауза започна со работа, а истовремено пред зградата се собраа над илјада демонстранти кои бараат оставка на актуелната Влада на премиерот Пламен Орешарски.

Полицијата презеде зајакнати безбедносни мерки и испрати придружба за дипломатските возила со кои пратениците пристигнале до Парламентот, јавува Анадолија.

Насобраните антивладини демонстранти се организирале преку социјалните мрежи. Поради протестите бил блокиран и сообраќајот.

Демонстрантите во знак на протест пред Парламентот поставиле „црвен килим за пратениците“, извикувајќи „оставка“ и „мафија“.

Антивладиниот собир го поддржа и лидерот на главната опозициска партија Граѓани за европски развој Бојко Борисов, кој им се обрати на присутните демонстранти и ги мотивира да продолжат со протестите.

Истовремено, од другата страна на зградата на Парламентот се собрале демонстранти кои ја поддржуваат Владата на Орешарски.

04.09.2013 - 15:06

најчитано сега