Љубовниците на мразот со секси танц, заминуваат како олимписки легенди од Пјонгчанг (видео)
Канаѓаните Теса Вртју и Скот Моар го освоија златниот медал во уметничко лизгање на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг и станаа најтрофејна танцова двојка во олимписката историја.
За нив ова е второто злато во Јужна Кореја, откако претходно стигнаа до најсјајното одличје и во екипното натпреварување, а вкупно трето на ЗОИ, со оглед дека беа најдобри и на Игрите во Ванкувер пред осум години. Покрај тоа, имаат и две сребра од Сочи.
Теса Вртју и Скот Моар до златото во Пјонгчанг стигнаа со 206,07 бодови. После кусата рограма собраа 83,67 бодови, а во слободната програма, на музика од Мулер руж, дополнија уште 122, 40. Нивната страствена изведба им го донесе и прекарот „љубовници на мразот“, а го заслужија и златниот медал.
Среброто им припадна на Французите Габриела Пападакис и Гијом Сизерон, а американската двојка Маја и Алекс Шибутани се закити со бронзениот медал.
Да се потсетиме како изгледаше нивниот настап:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа