Видео: Урнат 20-годишниот светски рекорд во спринт на 60 метри

 

Американецот Кристијан Колман постави нов светски рекорд во спринт на 60 метри, за време на атлетскиот шампионат на САД во сала.

Во финалето, 21-годишниот спринтер ги запре хронометрите на 6,34 секунди.

Претходното достигнување беше на американскиот спринтер Морис Грин, кој во 1998 година ја помина дистанцата за 6,39 секунди.

Колман постигна 6,37 секунди на турнир во Јужна Каролина минатиот месец, но успехот не беше признаен како рекорд од технички причини.

Американецот е светски вицешампион на 100 метри од Лондон 2017 година.

 

 

 

19.02.2018 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега